Десет лица загинаа во експлозија на две бомби во провинцијата Кандахар во Авганистан. Во првата експлозија загинале четворица полицајци. Втората експлозија одекнала кога втора група полицајци пристигнала на помош. Притоа загинале уште шестмина полицајци.