Авганистан – Штрук
27 јуни 2005Министерот Штрук соопшти дека поточни информации за причините за несреќата веројатно ќе има кон крајот на неделава:
„Не постои сомнеж во тоа дека ситуацијата токму во северен Авганистан не е мирна и стабилна, поради мерките што ги презема авганистанската влада за разоружување на милициите и на старата армија. Во тоа нема сомнеж. Досега меѓутоа, се потпирам врз изјавите на командантот од Кундус кој нема никакви индиции за каков и да е планиран напад„.
Инцидентот од саботата, според информациите на Штрук, однесе осум животи: шестмина авганистански цивили и двајца војници на Бундесверот. Еден герамнски војник и еден авганистански преведувач се тешко повредени и се префрлено во воената болница во Кобленц. При експлозијата на муницијата биле уништени три камиони. Бундесверот во Авганистан транспротира собрано оружје и се грижи за неговото уништување. Лошата состојба на муницијата и оружјето се проблем, вели генералниот инспектор на Бундесверот, генерал Волфганг Шнајдерхан:
„Тоа е старо оружје и многу стара муниција што се предадени и се во состојба која никако не е соодветна на нашите стандарди. Во тоа би можела да се наоѓа причината„.
Според изјавата на Штрук, во Кундус за згрижување на оружјето биле вклучени 22 војника, меѓу нив двајца експерти. Во Авганистан во рамките на меѓународната мисија ИСАФ вкупно се ангажирани 2 илјади војници на Бундесверот. Од почетокот на мисијата во декември 2001 година загинаа 16 германски војници.