1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Австриските доброволци на одмор гасат пожари во Малешевијата

9 август 2021

Во реонот каде што интервенираат австриските пожарникари, според она што самите го објавија во неделата вечер, горат околу 3.000 хектари, а огновите се раширени во фронт од 15 километри.

https://p.dw.com/p/3yjGz
Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz
Австриски пожарникар во близина на ПехчевоФотографија: Arbnora Memeti/DW

Вкупно 140 пожарникари и помошен персонал од Австрија секојдневно се борат со пожарите во малешевскиот регион. Тие пристигнаа во земјата во четвртокот, а во саботата ја направија и првата замена откако 96 пожарникари се вратија во татковината, а на нивно место дојдоа 114 нови.

Како што веќе пишувавме, ниту еден од пожарникарите од Долна Австрија не е професионалец, туку сите работат на доброволна основа, како волонтери. Најголемиот дел од нив, поради ангажманот во Северна Македонија, морале да користат денови од годишниот одмор, поради тоа што отсуствуваат од своите редовни работни места во татковината. 

На нивната Фејсбук страница, Австријците редовно информираат за ангажманот во С. Македонија.  

Иако во неделата претпладне состојбата се смирила, веќе попладнето поради високите температури и силниот ветер, дошло до ново влошување. 

Пожарникарите морале во повеќе наврати да се повлекуваат од безбедносни причини. Сепак, успеале да го спречат ширењето на огнената стихија кон две села и повеќе објекти. 
Австриските пожарникари објаснуваат дека денеска состојбата повторно се влошила и веќе планираат продолжување на престојот во земјата, додека не се стави крај на огнената стихија. 

Тие објаснуваат дека локалната вегетација и временските услови носат брзи пожари и како резултат од нив и многу опасно опожарување на врвовите на дрвјата. 

Во реонот каде што интервенираат австриските пожарникари, според она што самите го објавија во неделата вечер, горат околу 3.000 хектари, а огновите се раширени во фронт од 15 километри. 

Nordmazedonien Waldbrände- Feuerwehrmänner aus Österreich beim Einsatz
Aвстриските пожарникари со себе си понеле и комплетна кујна и санитарни објектиФотографија: Arbnora Memeti/DW

Речиси сите операции морале да бидат водени само од пожарникари на теренот, со многу мала поддршка од воздух. Според австриските пожарникари, недостатокот на опрема го ограничува ангажманот на воздушни сили. 
Инаку, на стадионот во Пехчево каде што се сместија, австриските пожарникари со себе си понеле и комплетна кујна и санитарни објекти, со што можат да функционираат целосно самостојно.