1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Агонијата на данскиот брод со бегалци заврши

ЕМФ /агенции
26 јуни 2018

Италија попушти. Данскиот брод „Александер Маерск“ со 108 спасени бегалци доби дозвола да вплови во италијанското пристаниште Поцало.

https://p.dw.com/p/30Hft
Italien Dänisches Containerschiff Alexander Maersk mit Flüchtlingen
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Cavalli

По три дена чекање, бродот „Александер Маерск“ вчеравечер вплови во сицилијанското пристаниште Поцало. Бродот „Лајфлајн“, пак, со кој управува германска хуманитарна организација и на кој има 234 бегалци, и натаму е на отворено море.

Товарниот брод „Александер Маерск“ на крајот на минатата недела им пружи помош на 113 бегалци пред либискиот брег. Петмина од бегалците - четири деца и една бремена жена - во меѓувреме веќе беа пренесени на копно, во Сицилија. Бродот потоа чекаше дозвола за влез во некое пристаниште и упатства од страна на италијанските власти.

Повеќе: „Европа не смее да се распадне поради бегалците“

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини од деснопопулистичката партија Лега Норд вчера изјави дека бродовите на хуманитарни организации кои земаат бегалци на либискиот брег веќе не смеат да застануваат во италијански пристаништа. Салвини ги обвини хуманитарните организации дека им помагаат на криумчарите на луѓе. Бродовите на италијанската крајбрежна служба, пак, и натаму смеат да носат во Италија спасени бегалци.

Повеќе: Европа нема решение на повидок за азилантите

Ова беше првпат еден трговски брод да биде блокиран пред да влезе во пристаниште и да мора да чека упатства од властите.

Судбината на бродот „Лајфлајн“ е и натаму неизвесна. Салвини вчера повтори дека бродот нема да добие дозвола да влезе во Италија. Хуманитарните организации се „соучесници“ на криумчарите „свесно или несвесно“, рече Салвини.

Mittelmeer - Deutsches Rettungsschiff Lifeline - Hunderte Flüchtlinge sitzen auf dem Mittelmeer fest
На бродот „Лајфлајн“ има 234 бегалциФотографија: picture-alliance/dpa/H. Poschmann

Италијанскиот министер за внатрешни работи вчера беше во изненадувачка посета на Либија, каде се заложи за прифатни центри за бегалци од другата страна на јужната граница на Либија. На прес-конференција во Рим по враќањето тој ги отфрли барањата на Франција и Шпанија за сместување на барателите на азил во Италија, во затворени прифатни центри, сѐ до завршувањето на постапката за азил. Рим стравува дека Италија на тој начин би можела да се претвори во „бегалски камп за цела Европа“.