Американскиот сенат го осуди Путин како воен злосторник
16 март 2022Длабоко поделениот Конгрес на САД покажа единство во случајот на Владимир Путин и едногласно ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател се осудува како воен злосторник. Освен тоа, резолуцијата ги осудува и Руската Федрација, Рускиот совет за безбедност, членовите на руската армија и други лица за флагрантни акти на агресија и други ѕверства кои одат до ниво на воени злосторства.
Со резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете партии, се охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите нации да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.
„Сите ние овде, демократи и републиканци, се здруживме за да порачаме дека Владимир Путин не може да избега од одговорност за злосторствата сторени над украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство, Чак Шумер.
- повеќе: Руси во САД - „Путин? No good!“
Русија ја нарекува инвазијата во Украина „специјална воена операција“ за демилиатризација и „денацификација“ на Украина. Путин ја нарече Украина и земја колонија на САД со марионетски режим и без традиција на независна државност.