Американците повлекуваат војници од Европа
13 јануари 2012Илјадници војници ќе бидат повлечени и од Германија, најави американскиот министер за одбрана Леон Панета, без да наведува детали. Моментно САД имаат стационирано три борбени бригади со по три до пет илјади војници во Германија и една во Италија. Две од нив треба да бидат повлечени. Американците имаат околу 41 илјада војници во рамките на копнените трупи во Европа, од кои најголем дел се во Германија.
Минатата недела американскиот претседател Барак Обама ја претстави новата воена стратегија на САД која се потпира на хај тек оружје, но со значително помалку војници, армијата треба да биде помала и пофлексибилна. Во новата стратегија приоритет се дава на азиско-пацифичкиот регион и на Блискиот Исток.
Американскиот воен буџет во следните десет години поради високата задолженост на земјата треба да се намали за 450 милијарди долари.
Автор: ЖА/ АТ/ дв
Редактор: Б. Георгиевски