1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок: Русија ќе сака да го дестабилизира Западен Балкан

БГ /АП
24 март 2022

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупредува дека ЕУ треба да внимава на руските напори за дестабилизација на Западниот Балкан поради војната во Украина.

https://p.dw.com/p/490DB
Außenministerin Baerbock im Kosovo
Фотографија: Armend Nimani/AFP

Шефицата на германската дипломатија вели дека Берлин е свесен за опасностите кои војната во Украина ги носи за регионот на западниот Балкан.

„По бруталниот напад на Русија врз Украина, ние многу посериозно ги сфаќаме тензиите во регионот“, рече Бербок на прес-конференција по средбата со нејзиниот хрватски колега Горан Грлиќ Радман.

Бербок предупреди дека Русија тврдела оти нема намера да ја нападне Украина пред почетокот на војната, па оттука треба со резерва да се земат и нејзините тврдења дека не работи на дестабилизација на западниот Балкан. Во тој контекст таа ја спомена Босна и Херцеговина како земја која би можела да биде искористена за дестабилизација на целиот регион.

Грлиќ Радман порача дека е важно ЕУ и натаму да ја покажува својата присутност во регионот.
„Се надеваме дека нема да има домино-ефект, но претпазливи сме. Балканот е полигон за геостратешки натпревари и затоа ЕУ тука мора да ја покаже својата сила“, рече Грлиќ Радман во Берлин.