1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Борис Џонсон заразен од коронавирусот

СН/агенции
27 март 2020

Резултатот од тестот за коронавирусот на премиерот на Велика Британија е позитивен. Борис Џонсон има благи симптоми и порача дека ќе ја води нацијата во борбата против Ковид-19 од домашна изолација.

https://p.dw.com/p/3a7zu
COVID-19 - Boris Johnson
Фотографија: Reuters/I. Vogler

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е позитивен на коронавирусот. На пладне пристигнаа неговите резултати, и како што јавија британските медиуми, Џонсон е заразен со новиот вирус од кој се инфицирани преку 530.000 луѓе ширум светот.

Како што е наведено, Џонсон има благи симптоми и се наоѓа во самоизолација. „Премиерот има благи симптоми од коронавирусот и итно е сместен во самоизолација. Тој ќе продолжи да ја води земјата во борбата против овој опасен вирус“, соопшти неговиот кабинет.

COVID-19 - Boris Johnson
Фотографија: Reuters/C. Recine

Џонсон, пак,  на нацијата и се обрати на Твитер: „Имам температура и кашлица и по совет на лекарите се тестирав и сум позитивен. Во самоизолација сум, работам од дома и во постојан контакт сум со своите соработници во борба против коронавирусот“, рече Џонсон на снимката која ја објави на Твитер.

„Но не се грижете, благодарение на технолошките волшебства, ќе продолжам да комуницирам со мојот тим за да продолжам да раководам, со националните напори против коронавирусот“, порача натаму Џонсон. 

Повеќе:

-Лондон се подготвува за „цунами“ од Ковид-19 пациенти

Тој му се заблагодари на медицинскиот персонал на „Националните здравствени служби “(НХС), како што се нарекуваат британските здравствени власти. Беше многу возбудливо да се биде дел од оние кои им ракоплеска на НХС во вечерните часови, истакна Џонсон додавајќи дека сака да им се заблагодари не само на медицинските работници, туку и на полицијата, социјалните работници, наставниците. Според него јавните служби но и сите граѓани, кои работат на доброволна основа вложуваат големи  напори во борбата против вирусот. Досега во Велика Британијасе регистрирани 600.000 волонтери за помош во заштитата на луѓето од последиците од инфекцијата со коронавирусот.

Велика Британија вчера за првпат ја помина границата од 100 починати од коронавирусот во еден ден. Ситуацијата е најлоша во Лондон, кого го зафати „цунами“ од тешки случаи во болниците.