Брановите бегалци кон Италија не запираат
30 јуни 2014На еден бегалски брод во Средоземното Море италијанската морнарица откри 30 мртви тела. Се претпоставува дека жртвите се задушиле. На бродот имало околу 600 луѓе и бил пронајден пред брегот на Сицилија, соопштиле властите, a пренесува италијанската новинска агенција Анса.
Според податоци на морнарицата, во текот на изминатиот викенд биле спасени седум бродови со повеќе од 1.600 бегалци. Со ова, бројот на бегалците кои од почетокот на годината од Северна Африка доаѓаат преку Средоземното Море во Италија се зголеми на повеќе од 60.000. Меѓу нив, како што информира хуманитарната организација Save the Children, имало повеќе од 9.000 деца.
Откако во 2013 година во повеќе бегалски драми се удавија преку 400 луѓе, италијанската морнарица ја стартуваше програмата „Маре Нострум“, која има за цел навремено пронаоѓање на бегалските бродови. Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано изјави дека очекува од другите европски држави, прифаќањето на бегаlците да се третрира како заедничка работа.