1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Британскиот премиер Борис Џонсон на интензивна нега

БГ /РТР
6 април 2020

Симптомите на британскиот премиер кој е заразен со коронавирус вечерва се влошиле, по што тој морал да биде префрлен на интензивна нега. Министерот за надворешни работи Доминик Раб ќе го заменува на функцијата.

https://p.dw.com/p/3aYpR
Boris Johnson Premierminister Großbritannien
Фотографија: Imago Images/xi.Images/A. Parsons

Борис Џонсон беше примен в болница во неделата вечер и му биле извршени дополнителни тестови откако страдал од симптомите на коронавирус повеќе од 10 дена, но владата досега тврдеше дека тој е во добро расположение и се уште раководи со земјата.
„Попладнево состојбата на премиерот се влоши и тој, по совети од медицинскиот тим, беше префрлен на одделението за интензивна нега во болницата“, изјави портпарол на премиерот.
„Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој е прв државен секретар, да го заменува“, соопшти Даунинг стрит.
55-годишниот Џонсон  беше тестиран позитивен на Ковид-19 на 26 март годинава.

Според британските медиуми, Џонсон е се уште свесен и дише со помош на маска за кислород.