1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Велика Британија: „Омикрон се шири со феноменална брзина“

ЖА /РТР
13 декември 2021

Корона инфекциите со варијантата Омикрон во Велика Британија нагло се шират, изјави министерот за здравство Саџид Џавид. Досега меѓутоа таму е регистриран само еден смртен случај поради зараза со Омикрон.

https://p.dw.com/p/44BWB
Symbolbild I Großbritannien zeigt sich besorgt über die neue COVID-Variante
Фотографија: Jeff J Mitchell/AFP

„Омикронот се шири во земјата со феноменална брзина, досега не сме виделе вакво нешто“, изјави денеска во Лондон британскиот министер за здравство, Саџид Џавид. Само во Лондон 40 проценти од сите позитивно тестирани случаи отпаѓаат на сојот Омикрон. Сепак, досега во Велика Британија е регистриран само еден смртен случај по инфекција со Омикрон, а десетина лица морале да бидат упатени на болничко лекување.

Можно е варијантата Омикрон да предизвикува  лесен тек на болеста,  но тоа игра мала улога при секавичното ширење. „Дури и кога едно вирусно заболување има блага форма, при голем број заразени можно е одреден процент, што значи сепак голем број луѓе, да мораат да одат во болница“, подвлекува министерот.

По првите потврдени случаи на  Омикронво Велика Британија од крајот на ноември, премиерот Борис Џонсон воведе построги мерки и ги предупреди своите сонародни од вистински голем бран на вирусот. Доколку владата не воведе подрастични ограничувања, можно е до крајот на месецот бројката на инфицирани со Омикрон да стигне до еден милион, истакнува и министерот за здравство, кој инсистира на побрзо вакцинирање со трета доза, зашто ни вакцинираните со две дози не се целосно имуни на новата варијанта.

„Повторно сме во трка меѓу вакцинирањето и вирусот“,  смета Џавид, но со бустер вакцина, според актуелната состојба, постои добра заштита против Омикрон.

Варијантата Омикрон, откриена првпат во ноември во Јужна Африка и Хонгконг, според Светската здравствена организација во меѓувреме е присутна во 60 земји. Британските експерти кај Омикрон откриле 30 промени во однос на првичниот коронавирус кај т.н. спајк протенин, со чија помош вирусот стигнува во човечките клетки, што е исклучително високо отстапување. Студии покажуваат дека вакцината на Бионтек/Фајзер  е еификасна против Омикрон по примена трета доза.

*Текстот е актуелизиран