1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венето и Ломбардија гласаа за поголема автономија

ЕМФ / дв
23 октомври 2017

Желба за поголема автономија во северноиталијанските региони Венето и Ломбардија - мнозинството избирачи на референдум се изјасни за поголема самостојност.

https://p.dw.com/p/2mKbK
Italien Referendum Venedig
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Pattaro

Целта на иницијаторите на референдумите во Венето и Ломбардија е добивање поголеми автономни права и поголема самостојност во односот со Рим. Според наводите на регионалните претседатели, јасно мнозинство од избирачите се изјаснило за повеќе автономност.

Во Ломбардија, според неконечните резултати, 95% од избирачите на референдумот рекле „да“, соопшти регионалниот претседател Роберто Марони. Одзивот на вчера одржаниот референдум е околу 40%. Во Венето, според наводи на властите, дури 98% од избирачите се за поголема автономија. Одзивот во овој регион е околу 57%.

Референдумите не се правно обврзувачки. „Целта е постигната. За нашиот Венето почнува нова историја“, оцени регионалниот претседател Лука Ѕаја на Фејсбук. Според него, гласањето се одолговлекло поради хакерски напад врз регионалната влада.

Italien Referendum Venedig
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Medina

Ломбардија и Венето бараат поголема самостојност. Тие сакаат да си ги задржат парите кои доаѓаат од туристите во туристичките центри, како Верона или Венеција. Заедно, двата региона учествуваат со една третина во италијанската економска сила. Во регионите живеат околу 15 од вклуно 60-те милиони Италијанци.

Italien Referendum Lombardei
Фотографија: Reuters/A. Garofalo

Движечка сила на стремежите за автономија е партијата Лега Норд (Северна лига), чии членови се и двајцата регионални претседатели. Партијата беше основана за да го отцепи богатиот север од сиромашниот југ на Италија. Партиското раководство повеќе пати укажуваше дека референдумите ќе се изведат во рамките на Уставот и дека независност од Италија не е тема.