1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот стигна во Европа: Се заканува ли пандемија?

Жанет Цвјенк | СН/агенции
25 јануари 2020

Во Франција се забележани три случаи на инфекција од коронавирусот. Инфекции се пријавени и во Австралија. Хонгконг прогласи тревога. Кина го прошири карантинот, изолирани 56 милиони луѓе. Се заканува ли пандемија?

https://p.dw.com/p/3Wnhx
Frankreich Krankenhaus in Bordeaux
Фотографија: AFP/M. Fedouach

Кај третиот забележан случај станува збор за близок роднина на едно од двете лица кај кои порано е дијагностицирана оваа нова и опасна болест на белите дробови, соопшти француското Министерството за здравство. Сите тројца пациенити претходно престојувале во Кина и сега се наоѓаат во изолирани оделенија во болниците. Во моментов се испитува со кого биле во контакт заболените лица. Според зборовите на француската министерка за здравство Агнес Бузин, тоа се први случаи забележани во Европа. Веројатно е, како што кажа, оти постојат и други случаи на заболени.

Претходно беше објавено оти во САД инфекција од коронавирусот е потврдена и кај друг пациент. Заболување е дијагностицирано и кај едно лице во Чикаго по патувањето во кинескиот град Вухан, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Досега, како што е наведено, се истражени 62 случаи во 22 сојузни држави за кои се сомневало дека се инфицирани со овој опасен вирус.

Нови смртни случаи во Кина

Во кинеската провинција Хубеј, според извештаите на државната телевизија, се збележани 15 нови смртни случаи поврзани со корона вирусот. Оваа досега непозната болест на дишните ограни за првпат е забележана на крајот на минатата година во кинеската метропола Вухан со 11 милиони население.

Повеќе:

-Стравот од корона-вирусот го претвори Вухан во град на духови

-Фотографија на денот: Вонредна состојба во Вухан

-Прва жртва од мистериозната болест на белите дробови

Во меѓувреме, овој град е претворен во карантин. Во него, како и во другите загрозени градови, е запрен јавниот превоз. Досега 13 кинески градови де факто имаа карантински третман поради опасност од ширење на овој вирус а кинеските власти денеска објавија дека ги со вакви мерки се опфатени уште пет градови со што според проценките изолирани се 56 милиони луѓе. 

Großbritannien Coronavirus
Фотографија: picture-alliance/empics/PA Wire/S. Parsons

Се заканува ли пандемија?

Досега во Кина, според наводите на тамошните власти, се потвредени речиси 1.300 случаи на инфекција, а евидентирани се преку 40 смртни случаи. Светските научници претпоставуваат дека во Кина би можело да станува збор за повеќе илјади заразени. Одделни инфекции со вирусот се забележани и во други земји, како во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и во Непал. Во меѓувреме се потврдени и први случаи на појава на оваа болест во Австралија. Властите во Хонгконг пак прогласија вонредна состојба поради коронавирусот. Според Светската здравствена организација (ВХО), брзото ширење на корона вирусот не претставува меѓународна здравствена опасност и нема да се прогласи вонредна состојба. Но, наскоро ситуацијата би можела да се промени, изјави генералнот директор на ВХО ТедросАдханом.