1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Владата одлучи: Учебната година ќе почне на 1 октомври

БГ
26 август 2020

Мандатарот Зоран Заев денеска најави, а владата на седница попладнево ја усвои одлуката за почеток на учебната година на 1 октомври. Начинот на изведување на наставата ќе биде дефиниран на првата седница на новата влада.

https://p.dw.com/p/3hXdA
Nord-Mazedonien | Schulbeginn in Skopje
Фотографија: P. Stojanovski

Новата учебна година дефинитивно ќе започне еден месец подоцна, на 1 октомври, поради пандемијата на коронавирусот. Мандатарот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по доставувањето на предлогот за новата влада во Собранието, најави такво решение, кое техничката влада предводена од Оливер Спасовски во меѓувреме го усвоила.
„Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.
Законските измени се потребни за да се смени датумот на почетокот на новата школска година, но ќе следуваат и серија мерки кои ќе треба да им ја олеснат наставата на учениците, без оглед дали таа ќе се изведува со физичко присуство или онлајн.
Мерките кои се веќе подготвени ќе бидат претставени од новата министерка за образование Мила Царовска по првата седница на новата влада следната недела.
Според владини извори, доколку епидемиолошката состојба тоа го дозволи, може да се очекува повеќе основни и средни училишта низ земјата и над трето одделение да ги отворат портите за присуство на ученици, под посебни протоколи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема