Во Мали убиени двајца мировници на ОН
14 декември 2013Атентаторот се разнесе себе си во автомобил паркиран пред банка во градот Кидал, соопшти портпарол на мировните трупи на ОН во Мали, МИНУСМА. Сините шлемови ја чувале банката, пред која експлодирал автомобилот. Кидал претставува упориште на бунтовниците. Утре во оваа кризна западноафриканска држава треба да биде одржан вториот круг од парламентарните избори. Пред две недели во самоубиствен напад врз база на меѓународните трупи во Мали загина само самиот напаѓач.
Франција во јануари воено интервенираше во Мали, за да го запре напредувањето на исламистичките бунтовници. Заедно со војниците од другите африкански држави, француската армија ги истисна бунтовниците од поголемите градови во северниот дел од државата, кој тие дотогаш го контролираа. Но, безбедносната ситација во Мали и натаму е нестабилна, зашто исламистите постојано вршат напади и киднапирања.