1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел: тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо

БГ
28 април 2017

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел денеска го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ како одговорна за вчерашните насилства во парламентот. Тој очекува нова влада што поскоро.

https://p.dw.com/p/2c47M
Österreich Wien Treffen Gabriel bei Kurz
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Neubauer

Упадот во македонското Собрание кој се случи минатата ноќ е „неприфатлив“, порача од Валета, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

„Конечно таму мора да се формира нова влада. Имаше демократски избори“, рече Габриел пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на Малта.

„Целосно е неприфатливо што актуелната владејачка партија одбива да го стори тоа, а нејзините поддржувачи го напаѓаат парламентот и тепаат пратеници“.

Претходно и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ги осуди нападите во Собранието и предупреди дека кризата може да влезе во опасна фаза.
И австрискиот министер Себастијан Курц (на насловната фотографија со Габриел) ги осуди насилствата.