1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демохристијаните и Социјалдемократите рамо до рамо

ЕМФ / дв
26 септември 2021

Според првите прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25% од гласовите.

https://p.dw.com/p/40st4
Deutschland I Wahlplakate in Frankfurt am Main
Фотографија: Arne Dedert/dpa/picture alliance

На трето место се Зелените со освоени 15% од гласовите. Либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11% гласови, Левица освои 5%, а преостанатите 8% од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот. 

До 18 часот денеска својот глас можеа да го дадат 60,4 милиони граѓани со право на глас во Германија. Канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), по 16 години на чело на владата, не се кандидираше за реизбор. Се очекуваат тешки коалициски преговори, а можни се различни коалиции.

На овие парламентарни избори излегоа вкупно 47 партии. Секој од избирачите има два гласа. Во 299 изборни единици во целата земја со првиот свој глас избирачот гласа за кандидат кој директно ќе замине во Бундестагот. Вториот глас на избирачот одлучува за „тежината“ на одредени партии во Бундестагот.

Bundestagswahl 2021 | Briefwahl Auszählung in München
На овие избори има поголем број граѓани кои гласале по пошта во споредба со претходните сојузни парламентарни избориФотографија: Michaela Rehle/REUTERS

До рано попладнево одзивот на изборите беше помал отколку пред четири години. До 14:00 часот, според надлежниот за организација и надгледување на сојузните избори, Георг Тил, на гласање изглегле 36,5% од граѓаните со право на глас. Тоа е за 4,6% помалку отколку во 2017 година. Притоа, не се земени предвид гласовите на избирачите кои гласаат по пошта. Нивниот удел, годинава, како што се вели, е значително поголем отколку пред четири години.