1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Хрватска го поддржуваат планот на Ахтисари

30 август 2007

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг балканската турнеја ја започна со посетата на Хрватска. По средбата со Берислав Рончевиќ, Јунг изјави дека двете земји го поддржуваат планот на Марти Ахтисари.

https://p.dw.com/p/BZXr
Свечен пречек на Јунг во ЗагребФотографија: AP

“Ги подржуваме напорите на Хрватска за членство во НАТО и нејзините настојувања за интегрирање во Европа. Процесот на реформи на кои сме сведоци во оваа земја е многу примерен, така што Хрватска ја заслужува таа перспектива“, изјави Јунг по средбата со Рончевиќ. Германскиот министер го истакна ангажманот на хрватските војници во Авганистан во рамките на германскиот контингент на Бундесверот на север од земјата. Во оваа година таму се наоѓаат 200 хрватски војници, додека во идната тој број треба да се зголеми на 300. На новинарско прашање зошто Хрватска, која учествува во 12 мисии на Обединетите нации толку инсистира на членство во НАТО, хрватскиот министер за одбрана Рончевиќ одговори:

“Сакаме во НАТО затоа што долгорочно тоа е најисплатливата животна полиса и за Хрватска и за сите наши граѓани. Апсолутно најисплатлив долгорочен модел за нашата одбрана и безбедност и затоа веќе денес сме организирани како да сме членка на НАТО“.