1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија соочена со нов ценовен шок

ЕМФ | агенции
1 април 2022

Германските граѓани ги чувствуваат последиците на војната во Украина не само на бензинските пумпи, туку и во продавниците за храна. Се најавува ново значително зголемување на цените.

https://p.dw.com/p/49K8F
Deutschland Corona-Pandemie Maskenpflicht
Фотографија: Martin Wagner/imago images

Сојузот на германската трговија (ХДЕ) очекува двоцифрено зголемување на цените на прехранбените намирници. Претседателот на ХДЕ, Јозеф Занктјоханзер, изјави: „Вториот бран на зголемување на цените доаѓа, и тоа зголемување сигурно ќе биде двоцифрено.“ Според изјавата на Занктхојзер дадена за весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“, дел од трговските ланци веќе почнале со ново зголемување на цените. „Тоа набрзо ќе може да се види насекаде во супермаркетите“, вели тој. Занктхојзер додава и дека во Германија никој не мора да се грижи дека „ќе гладува“.

Снабдувањето е осигурано

Претседателот на сојузот на германските селани, Јоахим Руквид, за „Ноје оснабрикер цајтунг“ тврди дека снабдувањето со прехранбени намирници е осигурано за период од една година. „Тешко е да се даваат прогнози за периодот потоа“, додава Руквид.

Statistisches Bundesamt gibt Inflationsrate bekannt
Снабдувањето е осигурано за период од една година, тврди РуквидФотографија: Demy Becker/dpa/picture alliance

Повеќе големи трговски ланци како Алди, Едека и Глобус неодамна најавија и зголемија дел од цените на своите производи. Алди од понеделник, како што се вели, „значително“ ќе ги зголеми цените на месото, колбасите и путерот. Причина за тоа се зголемените цени кои Алди мора да им ги плаќа на доставувачите. „Од почетокот на војната во Украина набавните цени бележат толкави скокови, какви што досега не сме доживеале“, изјави за агенцијата ДПА шефот за комуникации во Алди, Флоријан Шолбек. Тоа се должи на зголемувањето на цените на сточната храна, ѓубривата и енергијата.

- повеќе: Економијата и војната во Украина: Пред да биде подобро, ќе биде уште поскапо

Според истражувањето на институтот Ифо, објавено неодамна, речиси сите германски фирми од трговијата на мало со прехранбени намирници планираат зголемување на цените.