1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германски виролог предупредува од „вирусен ураган“ наесен

БГ /АФП
7 мај 2020

Водечкиот германски виролог Александер Кекуле изјави дека е загрижен поради темпото со кое се олабавуваат ограничувањата воведени заради пандемијата на коронавирусот во Германија.

https://p.dw.com/p/3buKv
Deutschland München Coronavirus Intensivpflege
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Еден од водечките германски виролози вели дека следењето на инфекциите не е доволно добро и дека ризичните групи не се доволно заштитени. Според Кекуле, инаку директор на Институтот за медицинска микробиологија на Универзитетската клиника во Хале, новите олеснувања на мерките во Германија дополнително го намалуваат нивното на безбедност.

Тоа пак, според него, може да доведе до „вирусен ураган наесен“. Кекуле смета дека ограничувањата се отстрануваат премногу брзо, без одржлив концепт за заштита. Наспроти тоа, потребен е одржлив концепт за безбедност. Позитивно, според експертот, е воведувањето на механизмот за брза реакција доколку дојде до нагло зголемување на бројот на инфекциите во некој регион или покраина.
Според последните податоци на Институтот Роберт Кох последниве денови повторно расте бројот на заразени од коронавирус во земјата. Денеска бројот на новозаразени изнесува 1.284 луѓе што е големо зголемување во однос на 947 регистрирани случаи во средата. Во вторникот бројката беше уште пониска- 685.

Virologe Alexander Kekule
Вирологот Александер КекелеФотографија: picture-alliance/dpa/Revierfoto

Коронавирус: Гол протест на лекарите