1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големи економски штети

Катарина Бан/Ж. Ацеска7 мај 2015

Aктуелниот штрајк на машиновозачите во Германски железници не ги погодува само патниците. И бројни фирми страдаат како последица на прекинот на работа. Едно е сигурно: економските штети се големи.

https://p.dw.com/p/1FMAq
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Речиси еднонеделниот штрајк во Германски железници значи застој и за транспортот на стоки. Погодени се многу фирми, посебно во автомобилската, хемиската и челичната индустрија. Преку шини дневно се транспортираат околу еден милион тони стоки.

Претставникот на Германската индустриска и трговска комора Александер Шуман истакнува:

„Првенствено индустријата се потпира на железницата. Се лиферува постојано, нема големи складирања, па по толку дена штрајк, складовите се празни, доаѓа до прекин во снабдувањето. Може да биде загрозено и производството. Германското стопанство тоа може да го чини до половина милијарда евра.“

Во зависност од браншата, две третини од стоките до муштериите се транспортираат со воз. Фирмите сега се обидуваат да најдат алтернатива. Преку автопат, а тоа чини време и пари.

Франкфурт е крстосница за товарниот сообраќај. Во Шенкер реил уште при минатиот штрајк вработените се обидоа да го одржат транспортот на стоки, за фирмите и натаму да добиваат лиферувања, за да нема застои во производството. Колку тоа овојпат ќе успее, не се знае.

И големите пристаништа се зависни од товарните возови. Само овде во Хамбург дневно се претовараат околу 25.000 контејнери. Околу една третина од тоа доаѓа и заминува преку возови, ако тие не стојат.


Штрајкот на машиновозачите на грб и на стопанството