Дали Хрватска ќе започне преговори со ЕУ во март?
9 март 2005Дали на 16 март ќе бидат најавени преговри или пак како што изјави за Дојче Веле политичкиот коментатор Иван Звонимир Чичак ќе бидат одложени на подолго време
„Дали Европа ќе одреди некој датум, 15 јуни да речеме , по овој извештај на Карла дел Понте, или ќе се остави отворено прашањето, што ќе значи додека не се појави Готовина, тоа мислам дека ќе биде на подолги стази.“
Шефот на луксембуршката дипломатија Жан Аселборн пак смета
„Клучот не е кај Карла дел Понте, и не е во Советот на Европа ниту каја министрирте за надоворешни работи, сосема јасно клучот лежи во Загреб.“
Тој најави дека пратениците во Европскате Унија оваа недела ќе почнат да ги испитуваат позициите на поединечните земји а одлуката сепак ќе ја донесат минситрите на 16 март потенцираше Асерлборн.
Кој исто така повтори дека е потребна стопроцентна соработка со Хаг и тоа е она што се бараше во европскиот парламент во декември 2004 година
„Оваа сто процентна соработка се разбира ќе биде проценета од Трибуналот во Ден Хааг но тоа сепак е политичка одлука на министрите“ рече Аселборн.
„Можам да замислам дека ке настапи и ситуација Хрватска до 16 март да докаже дека соработката е сто процентна иако до тој момент не биде можно да се трансверира Готовина во Хаг. Но можноста тој да мора да биде префрлен во Хаг , таа мора да биде успогласена со проценката на Трибуналот.“
Што ќе се случи доколку преговорите не започнат на 17 март
„Морате да знаете дека Хрватите самите инсистираа на тоа точно да се попредели некој датум, тоа беше нивна желба , така што собранито попушти но се разбира дека праша дали е тоа доволно време, на што тие потврдно одговорија.
Но ако тоа сега не е можно, се разбира дека светото нема да застане но знакот кој ќе се прати нема да биде најпоизитивен за целиот Балкан. Сепак една седмица пред тоа верувам дека исходот може да биде позитивен. “ нагласи луксембуршкиот министер за надворешни рабои Жан Аселборн