Двајца киднапирани германци во Авганистан
19 јули 2007Реклама
Германското министерство за надворешни работи ја потврди веста дека двајца германци се исчезнати во Авганистан. Гувернерот на провинцијата Газни изјави дека германските државјани и петмина авганистанци веројатно се киднапирани од страна на талибанските екстремисти. Германската амбасада во Кабул во соработка со авганистанските власти се обидува да дојде до детални информации за инцидентот.