Ден на жалост во Албанија
27 ноември 2019Екипите за итна помош, кои во урнатините бараат преживеани, користат дронови, кучиња и тешка машинерија. Денеска во раните утрински часови се пронајдени уште три тела на загинати во катастрофалниот земјотрес, со што бројот на жртвите се зголеми на 25.
Во Тумана, поради страв од афтершокови,луѓето ноќта ја минаа на улиците. Адријан Муци вели дека шестмина негови роднини загинале при уривањето на две згради и дека неговата куќа е исто така пред уривање. „Имам и други братучеди и роднини, но не знам каде се или дали се мртви или не“, изјави тој за агенцијата Ројтерс, додавајќи: „Никогаш веќе нема да можам да живеам во мојата куќа.“
Катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија вчера, во раните утрински часови. Потоа следуваа околу 250 афтершокови, од кои два беа со јачина од пет сепени.
Денеска во Албанија е ден на жалост. Премиерот Еди Рама им се заблагодари на земјите кои испраќаат помош, велејќи дека е „добро чувството кога знаеш дека не си сам и благодарен сум им на сите наши пријатели“.