1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дождот не ја запре „Шарената револуција“

26 април 2016

Антивладините протести продолжуваат низа цела Македонија. На вчерашниот протест во Скопје му се придружија и претставници на Сојузот на борците кои маршираа во првите редови.

https://p.dw.com/p/1IcZk
Фотографија: DW/E. Milosevska

Демонстрантите тринаесет дена бараат повлекување на одлуката за аболиција на лицата против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која ќе ги имплементира итните реформски приоритети.

На вчерашниот протест во Скопје му се придружија и претставници на Сојузот на борците. Малубројните учесници на НОБ беа на чело на колоната што тргна кон Собранието на Македонија, прва точка од протестниот марш. Шаренило на протестот му дадоа и чадорите во различни бои кои ги носеа демонстрантите. Масовноста во лоши временски услови веројатно беше резултат на апсењето на членови на Левица поради учество во протестите. Двајца од нив се во куќен притвор и добија кривични пријави.


Погледнете го видеото:

Тринаесет дена протести