1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматични избори во Турција

ЕМФ /агенции
1 април 2019

Расположението во големите градови во Турција се чини се врти против Реџеп Таип Ердоган и неговата АКП. Локалните избори донесоа неизвесност и опомена.

https://p.dw.com/p/3G05K
Türkei Ankara Kommunalwahlen CHP-Anhänger feiern
Приврзаници на опозициската ЦХП слават пред седиштето на партијата во АнкараФотографија: Reuters

Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган - АКП загуби на локалните избори во Анкара, првпат по преземањето на власта пред 16 години. По пребројувањето на речиси сите гласови, во водство е Мансур Јаваш од опозициската централно-левичарска партија ЦХП. Тој освои 50,9% од гласовите и има речиси четири проценти гласови повеќе од кандидатот на АКП.

Трката за граночалник на Истанбул пак сѐ уште е многу неизвесна. Новинската агенција ДХА, повикувајќи се на податоци од изборната комисија ИСК, изутринава јави дека се избројани 99,86% од гласовите и дека во благо водство е кандидатот на ЦХП, Екрем Имамоглу. Тој освоил 48,80% гласови, додека кандидатот на АКП, поранешниот премиер на Турција, Бинали Јилдирим, освоил 48,48% гласови.

Повеќе: 

Турција: Сё или ништо за Ердоган

Локалните избори - тест за Ердоган

Доколку владејачката АКП во Истанбул загуби од опозицијата, тоа ќе биде горчлив пораз. Имено, во градот на Босфор во 1990-те својата политичка кариера - како градоначалник - ја започна и претседателот Ердоган. Тој вчеравечер пред илјадници свои приврзаници соопшти дека АКП победила во 16 големи градови, но не наведе во кои. На претходните локални избори АКП освои градоначалнички места во 18 големи градови. Ердоган вчеравечер одби да признае пораз во Анкара, а околу состојбата во Истанбул не се изјасни. Наместо тоа, тој зборуваше за можни „слабости“ на својата партија кои треба да се идентификуваат и да се корегираат.

Türkei: Ankara: Recep Tayyip Erdogan
Ердоган не признава пораз во Анкара, а за Истанбул молчиФотографија: picture-alliance/AA/M. Cetinmuhurdar

Пред одржувањето на изборите имаше прогнози дека АКП во Анкара и во Истанбул ќе доживее пораз. Дел од избирачите со тоа реагираат на економската криза во земјата, проценуваат набљудувачите.

Инаку, на локалните избори повеќе од 57 милиони избирачи гласаа на 200.000 избирачки места ширум земјата. За безбедност беа ангажирани повеќе од 533.000 полицајци и други припадници на безбедносни сили. На истокот и југоистокот од Турција имаше инциденти во кои загинаа четири лица.