1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Жолтите елеци“ предупредуваат од граѓанска војна

ЕМФ /агенции
7 декември 2018

Насилството во Франција не запира. На демонстрациите на учениците ширум земјата вчера дојде до безредија. Уапсени се повеќе од 700 лица.

https://p.dw.com/p/39dXr
Frankreich Festnahmen bei Schüler-Demo
Фотографија: picture-alliance/abaca/M. Clement

Поради протестите на учениците беше попречена наставата во речиси 280 училишта, а 45 од нив беа тотално блокирани, соопшти Министерството за внатрешни работи во Париз.

Ученичките протести беа насочени против поостри критериуми за упис на факултетите, како и против кратење на бројот на наставници. Во текот на протестите дојде до насилство во многу места. Во Марсеј и Бордо демонстрантите палеа контејнери за отпад и автомобили и се судрија со полицијата.

Frankreich 146 Festnahmen bei Schüler-Demo
Само во текот на вчерашниот ден се уапсени повеќе од 700 лицаФотографија: Getty Images/AFP/R. Lafabregue

Ученичките протести траат речиси една недела. Притоа на демонстранциите, исто како и на протестите на „Жолтите елеци“ се слушаат постојано и барања за оставка на претседателот Емануел Макрон. Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер остро го осуди насилството и оцени дека протестите на „Жолтите елеци“ се само изговор за да се излезе на улица.

Повеќе:

Жолтите елеци притискаат, Макрон во рикверц

Франција: Да живее анархијата!

Делегација на „Жолтите елеци“ од Макрон побара прием и предупреди дека „земјата е на работ на востание и граѓанска војна“. Активистите немаат иста стратегија во односот кон власта - умерените сакаат да преговараат, меѓутоа постојано се соочени со закани од радикални струења во протестното движење.

Frankreich Gelbwesten-Protest in Paris
„Жолтите елеци“ повикаа на нови протести во текот на викендотФотографија: Reuters/S. Mahe

„Жолтите елеци“ за утре повикаа на нови протести. Францускиот премиер Едуар Филип во текот на дебатата во Сенатот потврди дека владата има намера за утре да мобилизира „вонредни средства“ со цел да се спречи насилство во Париз и останатите места каде што ќе се протестира.