1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев не ја дава Катица Јанева

20 март 2019

Во интервју за МИА, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека нема намера да ја смени Јанева од Специјалното јавно обвинителство и ја смета за симбол на вратената надеж во правната држава

https://p.dw.com/p/3FLbQ
Zoran Zaev, Premierminister Nord-mazedonien
Фотографија: DW/B. Cani

Премиерот Зоран  Заев вели дека е подготвен на флексибилност во однос на барањата на опозицијата за позицијата на СЈО, но не сака смена на главната обвинителка Катица Јанева.

„Апсолутно не“, одговара Заев на прашањето на МИА, дали е подготвен да ја смени Јанева.

„Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Северна Македонија“.

Коментирајќи го одбивањето на Франција да одобри одредување датум за почеток на пристапните преговори во ЕУ, Заев тврди дека неговата влада работи на тоа „да не се остави ниту еден аргумент против почеток на преговори“. Во интервјуто за МИА, Заев ветува „кристално чисти избори“ и се надева дека опозицијата нема да ги бојкотира претседателските избори затоа што нема да има аргументи за тоа.

Македонскиот премиер ги отфрли и обвинувањата од соседна Србија за мешање во внатрешните работи и за постоење на ткн. „македонско сценарио“.
„Истовремено како човек кој што беше директно нападнат од насилници во институциите можам јасно да го осудам секое насилство врз институциите на системот од било кој карактер, ова го кажувам за да го потврдам нашето пријателство кон Србија“, вели Заев во интервјуто за МИА.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема