1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заштита на климата: Германија заостанува

Геро Руетер
15 декември 2018

Германија пред десет години беше предводник во заштита на климата и во проширување на користење извори на обновливи енергии. Но, во меѓувреме Германија паѓа на овој план и на глобално ниво е некаде околу просекот.

https://p.dw.com/p/3A3Hw
Demo für Klimaschutz
Фотографија: DW/G. Rueter

Германија е меѓу просечните земји во однос на заштитата на климата, велат авторите на светската листа за заштита на климата којшто беше преставен на конференцијата за клима на ОН во Катовице. „Нашиот индекс за заштита на климата покажува: нема недостаток на посветеност во однос на обврските од Парискиот климатски договор, туку недостасува политичка волја за конкретни чекори за нивно исполнување. Веќе нема изговори, сите решенија се на маса и се прифатливи“, вели Јанк Бурк од организацијата за заштита на животна средина Џерманвоч, кој е еден од авторите. Заедно со Институтот Нуклајмат (NewClimate) и експертите од соодветните земји беа направени анализи за 56 земји и ЕУ.

За да се достигне проектираната цел - да нема зголемување на земјината температура над два степена, а по можност да се ограничи на 1,5 степени, мора брзо на светско ниво да се намали емисијата на штетни гасови. Времето за тоа е кнап, предупредува Светскиот климатски совет и програмата за животна средина на ОН. Во последната година глобалната емисија на ЦО2 во однос на претходната е повторно зголемена за 1,6 проценти.

Заштитата на климата бара акција на сите нивоа

Авторите на студијата повторно ги оставија празни првите три места на листата, бидејќи ниту една земја досега нема преземено доволно мерки за да го намали глобално затоплувањето на земјата под два степена. Потоа доаѓаат Шведска на четврто место и Мароко на петто.

Windkraftanlagen mit Weizenfeld bei Stetten im Hegau, Landkreis Konstanz, Baden-Württemberg
Фотографија: picture-alliance

Шведска профитира од добриот степен на искористување на обновливи енергии и од ниско ниво на емисија на ЦО2. Мароко пак поентира со забрзаното проширување на користење на извори на обновливи енергии и, според планот, треба за две години 42% од струјата да биде покриена со обновливи енергии.

Повеќе:

-Спас за климата - сега или никогаш!

-Дали климатските промени нѐ убиваат?

Во категоријата „добри“ се Индија, на 11 место и целата ЕУ на 16-то место. Индија исто така е на добар пат поради сѐ поголемо користење на обновливи енергии, релативно ниски емисии по глава на жител и добро поставени климатски цели – негативни се само плановите за изградба на нови електрани на јаглен. ЕУ има просечни оценки во однос на емисијата на штетни гасови и енергетската ефикасност, но има позитивни поени во однос на климатската политика. Тука пред сѐ се мерките за да се постигнат зацртаните цели за климата за 2030 година, како и напорите на Комисијата климатската неутралност да се врати на агендата до 2050 година.

„Во однос на одлуките на САД за повлекување од климатските договори мора ЕУ да преземе водечка улога. Основата е поставена од Европската комисија, но сега земјите членки, пред сѐ Германија, не треба да го попречуваат тоа“, вели Штефан Сингер од Мрежата за климатска акција при претставувањето на извештајот во Катовице.

Кина, која е на 33 место, за првпат е во категоријата „просечни“, пред сѐ поради тоа што земјата успеа во периодот меѓу 2014 и 2016 година да го стопира порастот на емисијата на штетни гасови. Оттогаш емисијата на овие гасови повторно расте поради што ѝ се заканува пад на табелата. На дното на листата се многу земји од групата Г20 како Јапонија (49), Русија (52), Канада (54), Австралија (55) и на последните места САД (59) и Саудиска Арабија (60).

Infografik Klimaschutzranking (Auswahl) DE Sperrfrist 10.12.18, 10:30

Германија меѓу просечните

Оценките кои ги дадоа експертите во однос на климатската политика годинава се полоши од минатата. Сепак, динамиката во однос на проширување на користење на обновливи енергии е непроменета. Особено земјите со помало производство на електрична енергија го зголемуваат искористувањето на обновливи енергии. „Обновливите извори се поекономични во однос на новите централи за фосилни горива во многу региони во светот, а дополнително и со Парискиот договор се зголеми побарувачката на извори на обновливи енергии. Оттогаш трошоците се намалени грубо за една третина. Но, сепак употребата на обновливи енергии мора да се забрза со цел да се исполнат целите поставени од Парискиот климатски договор“, објаснува Никлас Хоне од Њуклајмат институтот.

За експертот за клима и енергетика, Ханс Јозеф Фел, претседател на Енерџи воч групацијата, оваа табела го „покажува безмилосниот неуспех на светската заедница вистинска и ефективна заштита на климата“.

Фел беше експерт за енергетика на Зелените во Бундестагот и со Законот за обновливи енерии постави камен темелник за бумот на користењето на обновливи енергии во Германија. Тоа што Германија сега се наоѓа на средина на листата е заслуга на минатото, смета Фел. „Германија профитира сѐ уште од големата употреба на обновливи енергии во изминатата деценија, но во моментов се движи кон завршната фаза од тој процес, бидејќи покрај падот на фотоволтаиците и другите видови на обновливи енергии, политички детермираните инвестиции во електрани на ветер сега исто така опаѓаат“, вели Фел за ДВ.

Бурк исто така гледа потреба од поголема акција во германската политика во однос на заштитата на климата. Германската влада стои на крстопат во однос на тоа дали да стисне кочница за итното прашање за излез од користење на електраните на јаглен, поради што во Катовице отпатува „со празни раце". Германија мора систематски да ги реши предизвиците, а за тоа ѝ требаат различни мерки, како на пример една цена за ЦО2 во сите сектори. Без вакви мерки „економичната трансформација на Германија нема да биде спроведена навреме".