Канје Вест официјално започна кампања за американските претседателски избори 2020, на несекојдневен митинг во Чарлстон во јужна Каролина.
Вест, кој има 43 години, се кандидираше пред неговата „Роденденска забава/партија“.
За време на настапот изгледаше дека раперот држи спонтани политички говори, а имаше и неколку тиради - вклучувајќи ги оние на темата абортус.
Обожавателите се прашуваа дали оваа номинација за Белата куќа во последен час е всушност промотивен трик. Митингот во Чарлстон не одговори на прашањата дали е вистинска неговата кандидатура. Но, еден твит на профилот на Вест во саботата, кој сега е избришан, наводно прикажувал листа на песни за нов албум, што допринесе до шпекулации.
Не беа сите одушевени од говорот на митингот, а некои се загрижија за психичката состојба на Вест.
Дали Канје Вест навистина ќе биде на гласачките ливчиња?
Вест, кој наводно ја најавил кандидатурата на 4 јули, веќе задоцни на рокот за квалификациите за гласање во неколку американски сојузни држави. Тој мора да собере доволно потписи за да се најде на гласачките ливчиња во голем број сојузни држави.
Минатата недела Вест се квалификуваше за изборните ливчиња за претседателските избори во Оклахома, првата држава каде ги исполни условите пред истекување на рокот.