Зголемено производството на дроги во Авганистан
26 јуни 2007Реклама
Производството на опиум во Авганистан во последните години бележи драматичен пораст од 50% ,се вели во последниот извештај за дроги на ОН. Светската организација предупредува дека 90% од опиумот во специјални лабаратории во внатрешноста во Авганистан се преработува во хероин и друг вид на дроги кои потоа се продаваат на црниот светски пазар. Експертите предупредуваат дека годинава Авганистан ќе го надмине минатогодишниот рекорд на произведени 6000 тони опиум.