1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Играта на Ердоган со Курдите

Даниел Белут
22 август 2019

Отпуштањето од функција на курдски градоначалници на истокот на Турција е маневар на турскиот претседател Ердоган. Национализмот добро проаѓа кај гласачите. Не е прв пат Курдите да бидат пиони на Ердоган.

https://p.dw.com/p/3OJeu
Türkei, Istanbul: Recep Tayyip Erdogan auf einer Wahlveranstaltung
Фотографија: picture-alliance/AP/E. Gurel

За курдските гласачи на истокот на Турција, тоа беше тежок удар. За градовите Мартин, Вар и тајниот главен град на Курдите, Дијарбакир, централните власти од Анкара назначија комесари кои ќе го преземат раководењето со нив. Волјата на гласачите кои избраа прокурдски градоначалници нема тежина. За трите града претежно населени со Курди на локалните избори на 31 март се водеше жестока битка. На крајот победи прокурдската ХДП со јасно мнозинство. Сепак партијата мораше да ги напушти градските собранија. „Имаме докази дека градоначалниците одржуваат контакти со терористички организации и дека ги поддржуваат", беше објаснувањето на Министерството за внатрешни работи на Турција. Доказите не беа претставени.

Многу курдски гласачи и политичари потегот го доживеаја, како што рече и портпаролот на партијата ХДП, како „напад врз демократијата". Сепак таквата мерка на турската влада не беше неочекувана. Турскиот претседател во пресрет на локалните избори повеќепати ја спомена можноста за назначување на привремен вршител на должноста. Освен тоа не е ништо ново испратени луѓе од Анкара да владеат во курдски градови. Од 2016 година во речиси 100 курдски градови избраните градоначалници и советници беа заменувани со послаби и од Анкара. Околу 40 од заменетите лица до ден денес се во притвор.

Пријател и непријател наизменично

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е познат по својот прагматизам. Кој е пријател, а кој не, се менува во зависност од расположението и политичката ситуација. Особено Курдите беа злоупотребувани во политичките маневри на Ердоган. Пред само два месеца Курдите во земјата уживаа многу попријателски третман.

Повеќе: 

Курдите во Турција стравуваат од принудна управа

Турција: Сё или ништо за Ердоган

Африн: Живот во смртен страв

Курдските гласачи од локалните избори наваму важеа за оние кои го устоличија кралот: партијата ХДП не излезе со свој кандидат во неколку градови и своите гласачи ги повика да го поддржат кандидатот на опозициската ЦХП. Без грбот на Курдите аналитичарите сметаат дека изборната победа на ЦХП немаше да биде возможна во неколку турски места. Кога турската изборна комисија побара прегласување во Истанбул, партијата на Ердоган се обиде во вториот круг да ги придобие гласовите на Курдите. Во пресрет на изборите на 23 јуни за прв пат по 20 години му беше овозможен контакт со надворешниот свет на затворениот лидер на курдската работничка партија ПКК, Абдула Оџалан кој е икона за многу Курди. Уште почуден беше настапот на еден од кандидатите на АКП, Бинали Јилдирим. Во курдското упориште Дијарбакир одржа говор во кој зборуваше и на курдски и дури го употреби и називот „Курдистан", кој вообичаено е апсолутно табу за владин политичар. „Оние кои се обидуваат да нѐ поделат или да ни го растурат пријателството, ќе ги казниме за лагите", беа топлите зборови на Јилдирим за неговите „пријатели".

Türkei Proteste gegen die Ersetzung kurdischer Bürgermeister in Diyarbakir
Протести во Дијарбакир по развластувањето на курдските градоначалнициФотографија: Getty Images/AFP/I. Akengin

Загубена игра

Сите обиди да се придобијат курдските гласачи останаа залудни, а планот на Ердоган не пројде: и на вторите избори во Истанбул победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу, и тоа со помош на курдски гласови. Притоа Ердоган со својата пријателска политика кон Курдите, ризикува кавга со ултранационалистичкиот партнер МХП, како и загуба на гласови на општите избори.

По загубените избори, турскиот претседател го промени курсот кон Курдите од пријателски кон националистички. Отпуштањето на градоначалниците во трите курдски града е дел од неговата променета стратегија.

Вртење за 180 степени во однос на курдската политика – барем во минатото – е успешен рецепт во политиката на Ердоган. На претпоследните избори во јуни 2015 година владејачката партија АКП мораше да освои апсолутно мнозинство за да може да воведе претседателски систем. Но и тогаш турската влада беше потпрена на гласовите од Курдите. Пред парламентарните избори владата три години водеше мировни преговори со курдските милиции ПКК – целта беше поголеми права за Курдите. Но и тогаш оваа пријателски настроена политика кон Курдите не резултираше во поголема промена на расположението – курдските гласачи пред сѐ и даваа поддршка на про-курдската ХДП, која за првпат со 13% влезе во парламентот. АКП постигна историски најлош резултат и веднаш стаса одговорот од владата на Ердоган – ги прекина преговорите со ПКК, реториката стана понационалистичка, а притоа започна и воена операција против курдските милиции во градовите на југот од земјата. На предвремените избори истата година АКП повторно освои апсолутно мнозинство.

Претседателот под притисок

Има уште една паралела: исто како во 2015, Ердоган беше под голем притисок – економската и бегалската криза во голема мера ѝ наштети на популарноста на турската влада. На локалните избори АКП беше казнета од гласачите. Но сѐ помалку е веројатно дека новиот националистички курс на сметка на Курдите уште еднаш ќе му го осигура политичкиот опстанок на Ердоган. Околностите се променети: претставниците на ЦХП беа меѓу првите кои го критикуваа отпуштањето на курдските градоначалници во Ван, Мардин и Дијарбакир. Помошта на курдската партија на локалните избори не е заборавена.