1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите распишани, ЕУ очекува излез од кризата

БГ
18 октомври 2016

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска и формално ги распиша предвремените парламентарни избори за 11 декември на кои ќе се бира деветтиот состав на парламентот. Амбасадорот на ЕУ очекува фер и кредибилни избори.

https://p.dw.com/p/2RNme
Trajko Veljanoski
Фотографија: MIA

Претседателот на Собранието Вељаноски соопшти дека го потпишал решение за распишување на изборите додавајќи дека со тоа земјата влегува во сложен период.

„Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој, впрочем е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава“, порача Вељаноски.

Вељаноски верува дека кампањата ќе мине во зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11-ти декември. 

Samuel Zbogar EU Bauftragter für Kosovo
Самуел ЖбогарФотографија: AP

Се огласи амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар кој смета дека изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза, под услов кампањата да биде фер и изборите да се кредибилни. Жбогар и порача на новата влада дека ќе мора итно, искрено и сеопфатно да се зафати со спроведување на реформските приоритети. 
Парламентот вчера едногласно, со 110 гласови „за“ се распушти со што беше отворен патот за вонредните избори.