Интензивни напори за ослободување на киднапираниот Германец во Авганистан
23 јули 2007Реклама
По смртта на еден од двајцата киднапирани Германци во Авганистан , владата во Брлин продолжува со напорите за ослободување на вториот заложник.
„Интензивно соработуваме со авганистанските власти за да му го спасиме животот на вториот киднапиран Германец “- порача германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Еден од петмината Авганистанци кој беше грабнат заедно со Германците , по ослободувањето на авганистанските власти им соопштил дека Германецот и останатите четворица авганистански заложници се живи.