Инцидент при транспорт на телата на македонските граѓани во Авганистан?
18 март 2006Возило од конвојот со кој биле транспортирани телата на македонските граѓани налетало на мина и притоа загинале девет полицајци, изјави гувернерот на провинцијата Кандахар, Асадула Халид. Повредени се тројца полицајци. Халид вчера соопшти дека телата на четворицата вработени на фирмата Еколог, киднапирани минатата сабота од страна на Талибанците, биле пронајдени во долина во близина границата на провинциите Кандахар и Хелманд. Фирмата Еколог, која има седиште во Диселдорф, вчера соопшти дека информациите за смртта на макеоднските граѓани сеуште се проверува. Претставник на фирмата изјави дека сеуште не може сто процентно да се потврди дека мртвите биле работници на фирмата.
Портпарол на филијалата на “Еколог“ во Тетово, Вулан Треси, изјави дека ја имаат информацијата за судбината на киднапираните во Авганистан, но дека чекаат официјална потврда од централата на фирмата во Диселдорф.