ИСАФ потврди цивилни жртви во Авганистан
11 мај 2007Реклама
ИСАФ трупите во Авганистан потврдија дека имало цивилни жртви во борбите меѓу американските трупи и Талибанците на југот на Авганистан. Во соопштение се вели дека, по борбите во провинцијата Хелманд се третирале 20 цивили меѓу нив и едно дете, кое подоцна им подлегнало на повредите. Според извори од гувернерот на провинцијата при воздушниот напад во вторникот животот го загубиле 21 цивили.