Историски парламентарни избори во Авганистан
18 септември 2005Непосредно пред гласањето во престрелка во регионот на Кандахар загинаа двајца полицајци и четворица талибански бунтовници. Инцидентите се случуваат и покрај оптимистичките изјави на преставникот на ОН Јеан Арнаулт дека екстремистите нема да успеат да го попречат процесот на гласање
„ Не успеаа да го попречат процесот на номинирање на кандидатите, не успеаа да го спречат процесот на регистрирање,
текот на изборната кампања. Многу сум убеден дека овие екстремисти нема да успеат да го оневозможат нормалното одвивање на утрешното гласање„
Изјави синоќа преставникот на светската организација која го организира гласањето. Тие ги повикаа граѓаните во што е можно поголем број да излезат на гласање и покрај заканите за напади од страна на милитантите.