1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Историја во Тбилиси: Пандев ја одведе С. Македонија на ЕП

БГ
12 ноември 2020

Со голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута, фудбалската репрезентација на Северна Македонија вечерва ја совлада Грузија со 1:0 и за првпат во историјата обезбеди пласман на Европско првенство.

https://p.dw.com/p/3lDWl
Fußball WM-Qualifikationsspiel Mazedonien gegen Italien
Фотографија: Getty Images/C. Villa

За првпат во својата историја Северна Македонија ќе учествува на голем фудбалски турнир, откако Горан Пандев со единствениот гол на мечот обезбеди победа во финалето на плеј-офот против Грузија.

По последниот свиреж на судијата, македонските репрезентативци ја прославуваа победата на средината на теренот опкружувајќи го 37-годишниот капитен Пандев кој не можеше да ги задржи солзите.
Иако рангирана на 65-то место на светската ранг-листа на ФИФА, С. Македонија успеа да обезбеди учество на Европското првенство кое ќе се одржи во јуни и јули следната година.
Противници на македонската репрезентација во групата Ц ќе бидат Холандија, Украина и Австрија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема