1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Истрага за потеклото на вирусот: Експерти на СЗО во Кина

СН/агенции
10 јули 2020

Двајца стручњаци од Светската здравствена организација (СЗО) ќе претстојуваат во Пекинг за да ги постават темелите за поголемо истражување за потеклото на коронавирусот Сарс-Ков-2, кој предизвика пандемија.

https://p.dw.com/p/3f5lz
Coronavirus - Virus SARS-CoV-2
Фотографија: picture-alliance/dpa/Europa Press/Niaid

Станува збор за дводневна мисија на еден здравствен експерт за животни и на еден епидемиолог. Тие  за време на посетата на кинеската престолнина утре и задутре ќе работат на утврдување на „обемот и задачите“ за идната мисија чија цел е да се дознае како се пренесува вирусот од животни на луѓе, соопшти денеска Светската здравствена оргранизација. 

Научниците веруваат дека вирусот можеби се создал во лилјаци и потоа е пренесен преку друг цицач, пред да биде пренесен на луѓе на пазарот за свежа храна во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година.

Во настојување да се спречи можна идна пандемија Кина ја запре трговијата на дивеч и затвори некои пазари, додека спроведуваше сторги мерки за сузбивање на вирусот кои ги спречи појавата на локални инфекции.

Повеќе:

-Кина прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

-Коронавирус: Направен од човек и од лабораторија?

-Кинеската традиција на јадење диви животни и коронавирусот

Мисијата на СЗО е политички чувствителна, а нејзиниот главен финансиер САД ја критикуваше дека погрешно постапила на почетокот на избивањето на епидемијата и оти е пристрасна кон Кина.На собранието на СЗО над 120 држави побараа истрага за потеклото на вирусот, а Кина инсистираше истрагата да се води откога ќе се стави пандемијата под контрола.

Последната мисија за коронавирусот на СЗО беше во февруари кога лидерот на тимот ги пофали напорите на Кина во сузбивање на вирусот и за разменување на информации.