1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија - неомилената земја спасител

Тилман Клајнјунг (ард)/ А.Трајковска 25 август 2014

Само изминатиот викенд италијанските бродови спасија околу 3.500 бегалци. Операцијата „Маре нострум“ функционира. Но, Италија смета дека е оставена на цедило од другите земји на Европската унија.

https://p.dw.com/p/1D091
Фотографија: picture alliance/dpa

Благодарение на мисијата „Маре нострум“ до денес речиси 80.000 бегалци ја преживеаја опасната пловидба преку Средоземното Море. Руперт Нојдек, кој порано со „Кап Анамур“ спасуваше бегалци на отворено море смета: Италија за тоа ја заслужи Нобеловата награда. Наместо тоа италијанската влада посакува поголема европска поддршка при спасувачките акции. Ангажманот на пет бродови на морнарицата и придружните авиони чини десет милиони евра месечно.

Барањата на некои членови на владата имаат сѐ повеќе ултимативен карактер. Во октомври ќе се прекине операцијата „Маре нострум“, тогаш би морала да реагира Европа, предупредува министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано. „Морето ни припаѓа на сите нас. Наша цел е 'Маре нострум', операција која уште од почетокот беше замислена за преоден период, да премине во Фронтекс. Тоа значи ќе ја завршиме 'Маре нострум' и Европа во Средоземното Море ќе преземе одговорност со бродовите на Фронтекс, кои ќе го заземат местото на италијанските бродови“.

Обвинувања наместо благодарност

Европската агенција Фронтекс меѓутоа е специјализирана за заштита на границите, не за бегалците и смета дека не е во состојба да ја продолжи работата на италијанската морнарица. Европските партнери или ги ингнорираат барањата на Италија или дури и префрлуваат на земјата: Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоахим Херман им префрлува на италијанските власти, дека ги анимирале бегалците да продолжат да патуваат кон Германија. Тој оцени дека нестрогата практика за прифаќање во Италија била одговорна за наглиот пораст на барањата за азил во Германија.

Факт е дека бегалците преку море неможат да бидат принудени да поднесат барање за азил или да бидат идентификувани. За тоа во Италија, исто како и во Германија е потребен судски налог, вели Флавио ди Џакомо, портпарол на Меѓународната организација за миграција: „При големиот број на пристигнувања, честопати илјадници одеднаш, не секогаш е можно да се идентификуваат луѓето и да се земат отпечатоци од прсти, пред сѐ кај оние кои се противат. Некои бараат веднаш да продолжат, без властите сериозно да ги спречат во тоа. Пред сѐ за Еритрејците и за Сиријците Италија е само земја на пропатување.“

Italien Flüchtlinge gerettet 8.6.2014
Фотографија: picture alliance/dpa

Германија - земја на копеж

Потоа на пат кон Германија, Франција или Скандинавија завршуваат на некои од големите желенички станици во Милано или Рим - како еден Сомалиец, кого го сретнавме. Тој чекаше на следната најдобра можност за патување во правец на север и ни ја раскажува својата приказна. „Пет пати се обидев. 2009 година во Германија, 2010 морав да се вратам, потоа Холандија, 2011 повторно Германија. Вкупно бев петпати во различни европдки земји“. За повеќето бегалци, Италија не е алтернатива. На оние на кои им е признат статусот на азилант, не добиваат социјални услуги, ниту јазични курсеви, ниту понуди за интеграција. А вистинска работа во кризната земја Италија е реткост. Затоа тие сонуваат за Германија.

„Тие ти плаќаат стан, добиваш за јадење. И кога ќе имаш документи, можеш да работиш“, вели сомалискиот бегалец. Откако во Средоземното Море патролира италијанската морнарица, многу помалку луѓе го губат животот при бегството, многу повеќе луѓе стигнуваат до италијанскиот брег. И тоа се забележува не само во Италија, туку исто и во Германија.