1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку поголема кризата, толку помалку бебиња?!

С.Недевски /А. Трајковска/дпа/ртр/афп10 јули 2013

Една нова студија покажа дека поради економската криза во Европа се родени помалку бебиња. Кризата, која започна во 2008 година, му ставила крај на растот на стапката на раѓање кој дотогаш бил тренд во цела Европа.

https://p.dw.com/p/195II
Фотографија: picture-alliance/dpa

Колку е поголема невработеноста, толку помалку се раѓаат деца. Оваа теза сега ја зајакнува една нова студија. Економската криза го прекина порастот на наталитетот  во некои земји во Европа. 

Во студијата на Макс Плант Институтот за Демографски истражувања во германскиот град Росток, објавена во списанието „Демографски истражувања“, се вели дека стапката на раѓање на една жена во 28 европски земји во просек се намалувала толку побрзо колку што повисо растела стапката на невработеност.

Трендот ги погоди најмногу јужноевропските земји, особено Шпанија. Таму стапката на раѓање изнесувала 1,24 деца на жена во почетокот на 2000 година и се зголемувала од година во година, достигнувајќи 1,47 во 2008 година. Во 2009 година, опаднала на 1,4  како што стапката на невработеност се зголемила од 8,3 на 11,3 проценти. Во 2011 стапката на раѓање  во Шпанија опаднала на 1,36 на жена. Денес, во Шпанија невработеноста изнесува 26,8 проценти.

Економските услови влијаат врз репродукцијата?

Унгарија, Ирска, Хрватска и Латвија исто така имаат значителен пад во нивните стапки на раѓање, се истакнува во извештајот.

Neugeborenes und Mutter kurz nach der Geburt
Фотографија: Fotolia/philipus

Луѓето под 25 години, особено се воздржани од тоа да имаат деца кога ќе соочени  со растечка невработеноста. Ваквиот тренд е најјасно забележлив  меѓу младите луѓе кои  треба да го имаат своето прво дете.
Дали економските услови имаат или немаат влијание  врз репродукцијата е едно од најголемите неодговорени прашања  во демографското истражување. Сепак, коавторот  на студијата Михаела Крајенфелд вели оти нивните истражувања покажале дека во денешна Европа стапката на невработеност во земјите навистина влијае врз подготвеноста луѓето да имаат деца.
Крејенфелд вели оти студијата покажа дека ако невработеноста се зголеми за 1 процентен поен, стапката на раѓање кај една жена меѓу 20 и 24-годишна возраст паѓа за 0,1 процент на целиот континент и за 0,3 процентини поени во јужна Европа.
Во Чешка, Полска, Велика Британија и Италија зголемувањето на стапките раѓање беше прикинато од страна на кризата.
Германија, Австрија и Швајцарија се трите земји чии пазари на труд ја пребродуваат кризата без поголем стрес. Во сите три земји има мали промени во стапката на раѓање. Во Германија стапката на раѓање се стабилизираше под вредноста од 1,4 деца на жена. За оваа студија Макс Планк институтот за демографски истражувања од Росток анализираше податоци од 2001 до 2010 година како и делумни податоци од 2011 година