1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Конфликт околу забраната за влез во САД

Кристијан Валц
19 јануари 2021

Пред крајот на мандатот американскиот претседател Трамп донесе одлука за укинување на забраната за влез во САД поради пандемијата. Но, неговиот наследник Бајден тоа веднаш го отфрли.

https://p.dw.com/p/3o6mZ
USA Symbolbild Einreise
Фотографија: Glenn Fawcett/ZUMA Wire/imago images

Владата на новоизбраниот американски претседателЏо Бајден нема да ја спроведува одлуката на Доналд Трамп за укинување на забраната за влез во државата, меѓу другото и за лица од Европа. „По совет на нашиот медицински тим, администрацијата нема намера да го укине ограничувањето (за влез, н.з.) на 26.01“, напиша на Твитер идната портпаролка на Белата куќа, Џен Псаки. „Со влошувањето на пандемијата и појавувањето на нови позаразни варијанти (на вирусот, н.з.) во цел свет, сега не е вистински момент.“

Претходно Трамп објави одлука, според која забраната за влез на патници од Шенгенската зона, Велика Британија и Ирска би престанала да важи од идниот вторник. Трамп укажа дека од тој ден на сите меѓународни летови кон САД е потребен негативен корона-тест пред поаѓањето. „Оваа мерка е најдобар начин за натамошна заштита на Американците од Ковид-19 и истовремено овозможува повторен старт на патувањата“, соопшти Белата куќа.

USA Symbolbild Einreise
Новата администрација нема намера да ја укине забраната за влез во САД поради пандемијатаФотографија: Shawn Thew/EPA/picture alliance

Мандатот на Трамп завршува утре, со инаугурацијата на Џо Бајден. 78-годишниот Бајден ја прогласи бората против коронавирусот за една од своите најважни цели. Пандемијата во САД е и натаму надвор од контрола. Според податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“, досега се регистрирани повеќе од 24 милиони корона-случаи во САД, а починале околу 400.000 лица.

Ковид-19: Долгиот пат на опоравување