1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот докажан во аеросоли, кои маски помагаат?

БЈ/ДВ
14 август 2020

Најситни честички во воздухот наречени аеросоли играат улога при заразувањето со коронавирусот. Но, колкаво е нивното значење? Има нови сознанија за нив, но и за заштитните маски.

https://p.dw.com/p/3gwZY
Corona-Ansteckung beim Singen durch Abstand vermeiden
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bayerischer Rundfunk

Американски научници потврдија дека аеросоли кои ги испуштаат инфицирани со коронавирус може да содржат интактни делови од вирусот, односно патогени на Ковид-19, кои се заразни. Аеросоли се честици кои долго остануваат во воздухот, а настануваат при дишење, кашлање и кивање. Научниците од Универзитетот од Флорида во Гејнсвил предводени од Џон Ледники истражувале проби од воздухот во опкружувањето на двајца хоспитализирани пациенти на Ковид-19.

Дури и во пробите кои биле земени на растојание од 5 метри од пациентите имало активни САРС-Ков-2-партикули. 

Преку генетски анализи било потврдено дека тие потекнуваат од пациентите во просторијата со респираторни симптоми на Ковид-19 и дека не се донесени од други делови од клиниката. 

Потценетa опасностa од корона-аеросолите

Како коронавирусот се пренесува преку воздухот

Но, анализата не содржи сознанија за тоа дали вирулентноста е доволна за заразување на други лица. Супер-трансмитерски настани како проби на хорови укажуваат веќе подолго време на тоа дека вирусни патогени во аеросолите може да предизвикаат инфекција на лицата во близина. Истражувањето сѐуште не е објавено во стручен журнал, па оттаму не е проверено од независни вештаци. 

2 метра безбедносно растојание можеби е премалку 

Генерално се смета дека ризикот за заразување со корона во затворени простории е значително поголем отколку на свеж воздух каде аеросолите побрзо се разредуваат. Научниците од Флорида во студијата укажуваат на тоа дека во затворени простории и држењето на метарипол до два растојание може да даде лажно чувство на сигурност. И Централната служба за заштита на околината во Германија смета дека аеросолите се еден можен начин на пренесување на вирусот. За да се намали ризикот од инфекција од оваа институција препорачуваат по секое кивање просторијата да се ветрее со провев. Тоа би важело како за домот, така и за канцеларија и училница. Комисијата за „Хигиена во затворени простории” покрај тоа советува во училиштата во секоја пауза да се проветрува „интензивно со широко отворени прозорци”, најдоцна по 45 минути настава. 

Просториите во кои се тренира треба да се ветреат многу почесто, Комисијата препорачува пет пати во еден час. Ако заради семејна посета во домот се повеќе лица во една просторија, исто така треба повеќе пати да се ветрее. 

Само да се држат прозорците постојано на „кип” во простории во кои има многу фреквенција на луѓе, не е доволно. Свеж воздух независно од другите мерки како заштитна маска, минимум растојание и правилата за хигиена е апсолутно неопходен.

Тестирани 14 видови на маски

Сепак не секоја заштитна маска за лице нуди подеднаква заштита од распрскување на заразени капки при дишење или зборување: додека хируршките маски, на пример, се исклучително ефикасни, шамиите не штитат толку добро. Овој заклучок произлезе од научната студија во која беа споредени 14 различни типови маски, објавена во магазинот „Сајенс Адвансес“.

На училиште со маска по летните горештини

Како се прават заштитни маски со филтер

Научниците од Дјук Универзитетот во Дурам, од американската држава Северна Каролина користеле едноставни методи: тестираните влегувале во темна соба пет пати по ред со различни маски и еднаш без и ги изговарале зборовите „Stay healthy, people" (Луѓе, останете здрави) во конус со ласерска светлина и тоа е снимено со камера. Со компјутерски алгоритам се пресметува бројот на исфрлени капки. Како најдобра се покажала заштитната маска од типот N95. Според студијата, количеството на испуштените аеросоли се помали од 0.1% од она без маска. Хируршките маски„“ловат“ околу 90% од нив. Самоизработените памучни маски во зависност од бројот на слоеви успеваат да запрат меѓу 70% до 90% од капките. Од друга страна преку шаловите може да спречи проток на само 50% од капките. Најлоши се покажале шамиите од флиз: тие дури и ги зголемуваат бројот на испуштени капки, што според податоците на истражувачите многу веројатно се должи на тоа што оваа ткаенина ги разделува поголемите капки во помали.