1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Што сака да постигне Австрија со масовното тестирање?

СН/агенции
4 декември 2020

Со масовните тестови, Австрија првенствено сака да ги открие заразените со коронавирусот кои немаат никакви симптоми. Но, широката покриеност и брзината на резултатите носат со себе и замки.

https://p.dw.com/p/3mE4z
Österreich Coronavirus Massentests
Фотографија: Herbert Neubauer/APA/dpa/picture alliance

Австрија денеска започна со доброволно масовно тестирање на населението на коронавирусот во надеж дека така ќе спречи ново, долго и тешко затворање на земјата.

Тестирањето со брзи антигенски тестови започна денеска во Виена и во најзападните покраини Ворарлберг и Тирол, неколку дена пред Австрија да започне со попуштање на строгите мерки во борба против пандемијата кои се на сила од среднината на ноември.

Оние лица кои ќе бидат позитивни во рок од 24 часа ќе бидат тестирани со ПЦР тестови, а нивните контакти ќе мораат да бидат во карантин доколку резултатите бидат потврдени.

Slowakei | Coronavirus | Massentests
Фотографија: Vladimir Simicek/AFP/Getty Images

Јужен Тирол и Словачка како пример

Доброволците кои сакаат да се тестираат се пријавуваат на веб-страница направена за оваа намена. Тестирањето се врши под надзор на австриската војска, која во виенскиот конгресен центар постави 170 линии за тестирање.

Повеќе:

-Кина спроведува масовно корона-тестирање

-СЗО: Брзи корона-тестови за посиромашните земји

Наместо со масовно тестирање, коронавирусот полесно се лоцира преку канализацијата

Италијанската покраина Јужен Тирол, која се граничи со Австрија, веќе спроведе масовни тестирања, по примерот на Словачка, која успеа да го забави ширењето на вирусот и да избегне втора блокада во земјата, тестирајќи речи две третини од целото население минатиот месец.

Одраз само на моменталната состојба

Меѓутоа,  антигенскиот тест е помалку точен од ПЦР-тестот, што значи дека не се откриваат сите носители на вирусот, на пример кога инфекцијата штотуку се развива. Ова исто така важи и за понекогаш подолгиот период за време на кој инфекцијата се смирува, но вирусите на САРС-КоВ-2 сè уште се присутни во помала мера отколку во инфективната фаза. ПЦР-тестот е посигурен во ваква ситуација. Експертите препорачуваат повторување на антигенските тестови во кратки интервали за да не се „провлечат“  лажно негативно тестираните лица.

Без оглед на тоа кој тест е направен, резултатот е слика на актуелната состојба и не гарантира дека негативно тестираните нема да се заразат неколку часа потоа.