1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Кремљ се брани од „циркусот“ со труењето

СН/ агенции
13 март 2018

Русија ги отфрли британските обвиненија дека е вмешана во нападот со отров врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, како смешни. Но, во меѓувреме и САД го вперија прстот кон Москва.

https://p.dw.com/p/2uDNg
UK | Nervengiftattentat auf Sergei Skripal - Ermittler in Schutzkleidung
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Matthews

Станува збор за „политичка кампања“ на британската влада- врз „основа на провокации“, соопшти руското министерство за надворешни работи. „Тоа е циркус во британскиот парламент“, изјави портпаролката Марија Сахарова, осврнувајќи се на изјавите на британската премиерка Тереза Меј. Во Лондон се шират „бајки“, рече Сахарова. 

Ултиматумот на Британците

Меј во понеделникот во Долниот дом на британскиот парламент изјави дека Русија „со голема веројатност“ е одговарна за труењето на Сергеј Скрипал и на неговата ќерка Јулија. Анализата на нервниот гас употребен во атентатот сугерира на тоа, рече Меј, додавајќи дека Москва или ги влечела конците или дозволила отровот да дојде во други раце. Меј ѝ постави ултиматум на Русија со денеска вечер да достави објаснување или во спротивно последица ќе бидат „уште подрастични санкции“. „Доколку нема веродостоен одговор, ние ќе утврдиме дека имало противзаконска употреба на насилство на руската држава против Обединетото кралство“, најави Меј.

England Theresa May Salisbury incident
Тереза МејФотографија: picture-alliance/dpa/empics/PA Wire

Повеќе на темата:

-Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров

-Поранешен руски шпион веројатно отруен во Англија

-Вашингтон и Москва разменија шпиони во Виена

„Сериозни последици“

 Во меѓувреме и американската влада според сопствени наводи, поаѓа од тоа дека во случајот Скрипал трагата води кон Русија. САД се согласни со Лондон дека Русија најверојатно е одговорна за атентатот, изјави министерот за надворешни работи Рекс Тилерсон, кој истакна дека извршителите и одговорните мора да бидат конфронтирани со „соодветни, сериозни последици“

Video-Still Sergej Skripal, ehemaliger Oberst des russischen GRU-Militärgeheimdienstes
Сергеј СкрипалФотографија: Reuters TV/RTR

Скрипал пред да биде уапсен во Москва во 2004 година на британската тајна служба ѝ издал десетици руски агенти. Во 2006 година беше осуден на 13-годишна затворска казна. Во 2010 најде прибежиште во Велика Британија откако беше ослободен во размената за руски шпиони. Од американски разузнувачки извори во меѓувреме се вели дека главна појдовна точка на истрагата е дека нервниот гас бил употребен од руска страна за да се казни Скрипал поради предавството.  

66- годишниот Скрипал и неговата 33-годишна ќерка на 4 март беа пронајдени онесвестени во градот Солсбери во јужна Англија. Оттогаш тие се борат за живот во една клиника во градот.  

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид