Македонија и Хрватска очекуваат позитивен сигнал од Рига
20 ноември 2006“Очекувам добра формулација како основа за добивање сигурна покана за членство во 2008-та“ - порача Груевски по средбата. Македонскиот премиер Никола Груевски нагласи дека Македонија ќе ги засили реформите во наредните 12 месеци и за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Позититвен сигнал за Македонија дојде денеска и од Брисел, каде евро-комесарот за проширување Оли Рен, по средбата со првиот човек на македонската дипломатија Антонио Милошоски, го истакна напредокот на земјата во одделни области. Рен даде и конкретен термин за почеток на преговорите за олеснување на визниот решим:
“Драго ми е што можам да кажам оти на 30. ноември мојот колега, заменик претседателот на Европската комисија, Франко Фратини, официјално ќе ги почне преговорите. Со тоа конечно постигнуваме напредок по ова прашање што е од голема важност за граѓаните на регионот. Наша среднорочна цел е либерализација на режимот за граѓаните од оваа земја“
Одлуката за олеснувањето на издавањето визи беше донесена минатата недела од страна на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.