Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица
15 март 2016Реклама
Мајка Тереза, родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во Скопје, која почина во 1997 година, во 2003 година папата Јован Павле Втори на церемонија во Рим на која присуствуваа околу 300.000 верници, ја прогласи за блажена. Во декември лани Ватикан го призна и второто чудо кое и‘ се припишува на Мајка Тереза, со што беа исполнети условите за таа да биде прогласена за светица. На денешната средба на Конзорциумот во Ватикан, одреден е терминот за канонизација на Мајка Тереза - 4 септември. За нејзината грижа за болните и бездомните таа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.