1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Медведев се потсмева со зависноста на Европа од рускиот гас

СН/агенции
23 април 2022

ЕУ бара начини како може да продолжи да се плаќа гасот на Москва без користење рубљи. Екс-претседателот Медведев го искористи ова за вербален напад на Телеграм. Тој не би ѝ дал на Европа „една недела“ без руски гас.

https://p.dw.com/p/4AKl2
Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев
Поранешниот руски претседател Дмитри МедведевФотографија: Ekaterina Shtukina/SNA/IMAGO

Колку долго може Европа да „преживее“ без руски гас? Според поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, европските земји нема да издржат ниту една недела без испораките на гас од Русија.

Медведев, кој во моментов е заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија ваква оценка изнесе осврнувајќи се на најавата на Европската комисија дека доколку рускиот гас се плаќа во евра или долари кои потоа се конвертираат во руска валута, компаниите од ЕУ можеби ќе можат формално да избегнат кршење на санкциите кон Русија.

Дали спасот е во Казахстан?

„Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери... Особено ако се има предвид дека, според најновите податоци на ММФ, Европа може без нашиот гас најмногу шест месеци. Но, навистина, не може ниту една недела, “ напиша Медведев во пораката на Телеграм, на која додаде смајли и емотикон со кловн.

Повеќе: Путин сака „непријателските земји“ да плаќаат рубљи за гас

Од Европската комисија велат и дека компаниите треба да побараат воведување дополнителна процедура за парични трансакции, која би се состоела од изјава за исполнување на договорна обврска по депонирање на соодветниот износ во валута различна од рубљата.

Москва ја предупреди Европа дека ризикува намалување на испораките на гас доколку не плаќа во рубљи, откако рускиот претседател Владимир Путин во март издаде декрет со кој им предлага на  купувачите на руски енергенси да отворат сметки во „Газпромбанк“ за плаќања во евра или долари, кои потоа би биле конвертирани во рубљи.