1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Здравство ќе објавува имиња на оние кои одат во изолација

БГ
15 јуни 2020

Се поголемиот број на лица кои одбиваат да ги примаат решенијата за самоизолација или даваат погрешни податоци ги тера властите да размислуваат за јавно објавување на нивниот идентитет.

https://p.dw.com/p/3doze
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Министерот за здравство Венко Филипче најави можност за објавување на имињата на сите лица кои треба да одат во изолација поради сомнеж за коронавирус. На денешната прес-конференција Филипче повторно реагираше на бројните проблеми со кои се соочува Државниот здравствен и санитарен инспекторат при предавањето на решенијата на граѓаните, како и давањето погрешни податоци од нивна страна. За да се надмине проблемот, Филипче побарал помош и од правната служба на Собранието.

Објавувањето на имињата би се правело согласно законот за управна постапка, а идентитетот на граѓаните ќе може да го види секој на интернет-страницата на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 103 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 841 тестови. Најголемиот дел повторно се во Скопје- 46 и Тетово-17. Пет лица починале.

Филипче тврди дека повеќето од пациентите и натаму се асимптоматски или со лесна клиничка слика, а зголемената смртност ја објаснува со бројните коморбидитети на 76 отсто од починатите. Досега во земјата починаа 193 лица од коронавирусот, а во моментов активни се уште 2,241 случаи.

93-годишниот Херберт го победи коронавирусот

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема