Мини Шенген: Прв чекор до Балкан без граници
28 декември 2019Кога петте држави, со исклучок на Италија, основачки на Европската заедница за јаглен и челик, претходник на денешната Европска унија, во близина на местото Шенген во Луксембург во 1985 година потпишаа договор за слободно движење на своите граѓани без да биде потребен документ за лична идентификација, на територијата на која било држава потписничка, малкумина можеа да предвидат дека повеќето европски земји ќе се приклучат на иницијативата. Договорот немаше никаква врска со Европската заедница (сегашна ЕУ), но оваа иницијатива подоцна стана еден од столбовите на единствениот пазар. Накратко, потписничките на Шенгенскиот договор, дваесетишестдржави, од кои четири не се членки на ЕУ, се обврзаа да ги избришат внатрешните граници, а со самото тоа да ги укинат и граничните премини, да ги зголемат контролите на надворешните граници на Унијата и да спроведуваат единствена визна политика.
Уште на прв поглед е јасно дека актуелната иницијатива на трите балкански држави, популарно наречена „мини Шенген“, не го претставува тоа во вистинска смисла на зборот. Всушност, иницијативата може да се нарече мала заради бројот на држави кои во моментов сакаат да учествуваат во неа, како и обемот на правата што би биле загарантирани за граѓанките и граѓаните, но државите учеснички сè уште не се подготвени за укинување на внатрешните граници, односно некаков вид на контрола ќе постои без оглед на подлабокото поврзување на државите во однос на сегашната состојба.
Балкански „Мини Шенген“ - што содржи предлогот?
Иницијативата за отстранување на одредени административни бариери кои стојат на патот на слободното движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Балканот потекнува од Нови Сад, а е иницирана од Албанија, Србија и Северна Македонија. По иницирањето, лидерите на трите држави се состанаа во Охрид во ноември (сите држави со исклучок на Косово) и во декември во Тирана (на земјите што го иницираа „малиот Шенген“ им се приклучи Црна Гора), а претставници на преостанатите три земји од Западен Балкан беа поканети на состаноците. Што всушност значи оваа иницијатива и што се дискутирало на овие состаноци? Првиот чекор за воспоставување „мал Шенген“ би требало да биде патување без пасоши. Сепак, тоа не значи дека преминувањето граници ќе биде можно без никаков документ за идентификација, туку дека ќе биде овозможен влез во земјите и со лична карта. Целта не е да се укинат граничните премини, туку да се олесни преминувањето на границите, по што оваа иницијатива се разликува од Шенген. И приказната не завршува тука. Државите учеснички постигнаа договор за воведување на 24-часовноработновременаситеинспекцискислужби, како и обединување на документацискиот пакет потребен за транзит на стока, важење на дозволите за работа од една територија на териториите на другите држави учеснички и движење на работната сила со признавање на квалификациите. Ова се само неколку од областите за кои се преговара. Сепак, лидерите беа јасни: политичка унија не е опција, ниту е откажување од членството во ЕУ, а сите земји учеснички од претходно се потписнички на документот за регионаленекономскипростор и учествуваат во Берлинскиотпроцес, што би требало дополнително да ја зајакне оваа иницијатива. Како и „вистинскиот“ Шенген, се водат разговори и за посебен визен режим со кој странски државјани на кои им е издадена виза за една држава можат да патуваат во останатите земји потписнички. По состанокот во Тирана, утврдени се и временски рамки за договорите односно за завршување на поединечните фази, а се дискутирало и за важните елементи за процесот на проширување, како на пример приклучување кон Конференцијата за иднината на Европа.
Што добиваат државите ако учествуваат во „малиот Шенген“?
Подлабокото поврзување на државите од Западен Балкан се покрена набрзо откако Франција го блокираше почетокот на пристапните преговори со ЕУ за Албанија и Северна Македонија. Со тој потег Франција испрати јасна порака не само до тие земји, туку и до целиот Западен Балкан дека перспективата за членство е неизвесна и дека таа, но и други членки на ЕУ, ќе го преиспитаат процесот на проширување и ќе бараат потешки услови за пристапување, за што сведочи и неодамна објавениот францускинон-пејпер. Таквото изигрување на очекувањата на јавноста, првенствено во Северна Македонија, затоа што таа всушност во најголема мера ги исполни условите за отворање на преговарачкиот процес, предизвика различни реакции и емоции. Затоа, за пофалба е тоа што дел од овој гнев се насочи во „осврт кон себе“, со следење на логиката дека не треба да се очајува и да седи со скрстени раце, туку да се иницира промена однатре. И токму тоа беше пораката што Албанија и Македонија, заедно со Србија, сакаа да ја испратат. Ако менторот не е посветен, кандидатот треба да истапи и вниманието да го сврти кон себе, како што и се направи во овој случај.
Зошто се двоуми Црна Гора?
Засега, иницијативата најодлучно ја поддржуваат оние држави што ја покренаа. Додека воздржаноста и одбивањето на Босна и Херцеговина и Косово може да се објасни со подлабоки и посложени причини, останува нејасно зошто Црна Гора по состанокот во Охрид брзо и категорично одби учество. „Малиот Шенген“ уште сега ги надминува постојните договори и иницијативи, што се докажува со првите разговори, и дополнително ги интегрира земјите од Западниот Балкан. Црна Гора, како земја која честопати се нарекува лидер на европската интеграција, која нема комплицирани билатерални спорови со соседите, треба да биде првата што ќе се заинтересира за подлабока интеграција. Државјанките и државјаните на Црна Гора веќе некое време уживаат во придобивките од патувањето во соседните земји (со исклучок на Хрватска, која е членка на ЕУ) само со лична карта, но учеството во вакви и слични иницијативи секако нее„губењенаенергија“, какоштоистакнацрногорскатаминистерказаекономија. Вреди да потсетиме дека Црна Гора беше внимателна и скептична кога започна приказната за регионален економски простор, што треба да се протолкува како немање интерес за сите форми на интеграција кои се „под“ членството во ЕУ. Сепак, ова е погрешна перцепција на регионалните иницијативи, бидејќи нивната цел е „дополнувачка“, а со оглед на тоа што членството во ЕУ за Западниот Балкан е далечно, време е и регионот да направи посериозни пресврти без да чека само на притисок од Брисел за да дејствува. Конечно, со оглед на тоа што граничната соработка и борбата против корупцијата и организираниот криминал исто така се дел од разговорите во рамките на „малиот Шенген“, би требало да се искористат сите канали за борба со овие итни проблеми на сите држави во регионот. Не знаеме дали овие се причините што довеле до благо свртување по третиот состанок во Тирана на кој учествуваше и претседателот на Црна Гора или, пак, влијание имале најавите дека Европската комисија би можела финансиски да поддржи некои проекти во рамките на „малиот Шенген“, но во моментов црногорскиот став е охрабрувачки: поддршка за сите регионални иницијативи кои ги водат државите од регионот кон ЕУ, а кои не претставуваат замена за членство. По најавите, еден од следните состаноци би можело да се одржи во Подгорица, што значи дека Црна Гора ќе продолжи да учествува во разговорите и само се чека на нејзино формално приклучување.
Како да стигнеме до Балкан без граници?
Постоењето на „Мал Шенген“ кој би опфатил само неколку држави од Западен Балкан е позитивно, но без учество на сите земји во регионот, идејата како таква е непотполна и ќе има целосна смисла, како симболична, така и суштинска, кога сите земји ќе ја прифатат.
Заедничките проекти што водат кон подлабоко поврзување на Балканот, го водат регионот еден чекор поблиску до ЕУ и одат рака под рака со процесот на европска интеграција, бидејќи на тој начин се зајакнува регионалната соработка, се подобрува деловната клима, се привлекуваат странски инвестиции, се негуваат добрососедските односи. Оттаму, оваа и други слични иницијативи треба да бидат прифатени.
Јована Маровиќ е извршен директор на мрежата „Политикон", независен истражувачки центар од Подгорица, член на BiEPAG и работната група за Поглавје 23 во преговорите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија.
Колумната е дел од проектот Республика.